Ако соберете 100 црни мравки и 100 црвени мравки и ги ставите во стаклена тегла, ништо нема да се случи, но ако ја земете теглата, насилно ја протресете и ставете на маса, мравките ќе почнат да се убиваат едни со други.
Од стрес и страв, црвените веруваат дека црните им се непријатели, а црните веруваат дека црвените им се непријатели, некој сосема друг и поинаков веднаш е непријател, не знаат дека вистинскиот непријател е лицето кое ја протресе теглата.
Истото важи и во општеството, државата, во колективот, на работа.
Мажи против жени.
Леви против десни.
Богати против сиромашни.
Интелигенција против вера.
Луѓе против луѓе.
Раса против раса.
Меѓу нас пуштаат озборувања, гласини, дезинформации.
Пред да се искараме и потепаме/убиеме меѓу себе, мора да се запрашаме: Кој ни ја тресе теглата?



















