Кога сонувате патување, тоа многу кажува за вашите скриени желби

1906

Она кога патувате во сон е доста честа појава и таквите соништа не се воопшто необични. Секој сон за патување ги претставува вашите движења во животот што можат да ве водат напред, а можеби и во некои ситуации наназад.

Патувањето во сон е приказ за вашите движења во животот, било да одите пеш, со автомобил или со некој јавен превоз. Секое од превозните средства претставува ваш став кон животната ситуација или одлука што сте ја донеле.

Патувањата во сон го покажуваат вашето внатрешно патување што може да се однесува на вашите ставови, одлуки и однесувања, но и на луѓето околу вас. Кога сонувате дека патувате, би било добро да обрнете внимание на тоа дали патувате без проблеми, дали нешто ве спречило и кое превозно средство користите. Обидете се да се сетите дали сте успеале да стигнете на време и каде точно сте оделе.

Покрај самото патување и превозните средства, важно е да се обрне внимание и на други работи што се случиле во сонот. Па обидете се да запомните дали сте носеле багаж и торби, дали сте имале пасош и билет, дали нешто ве мачело? Класична тема во патувањата е носење премногу тежок багаж кој ве мачи или премногу е.

Ако сонувате за вакво нешто, тоа значи дека ве мачи некој проблем што го носите со себе или личност од животот од која не можете да се ослободите и ви ја троши енергијата. Во сон, тој багаж може да ви отежне да влезете во воз или автобус, а тоа само значи дека верувате дека овие работи или луѓе го попречуваат вашиот напредок и дека можеби ќе треба да се ослободите од нив.

Продолжува на страна 2