Од вашата врска полека, но сигурно исчезнува онаа поранешна страст и не знаете што да правите? Започнете со себе!
Од време на време во секоја врска потребно е малку да се зачинат работите во спалната соба, само толку сексот да не западне во рутина. Иако знаете дека тоа е така, но сепак некако сѐ уште на партнерот му ја препуштате иницијативата да се грижи за овие работи. Сепак, внимавајте! Прекумерното потпирање на партнерот би можело брзо да ве одведе до врска со редок или непостоечки секс, во која вашиот партнер и вие го обвинувате оној другиот заради недостатокот на страст. Ако сакате да ја избегнете оваа ситуација, престанете да го чекате својот маж, сами преземете ја иницијативата. Ве молиме внимавајте на овие три најчести грешки на жените во спалната соба:
-
(Премногу) удобна облека
Ние знаеме дека најудобно се чувствувате во вашата ноќница или пижамите, но веројатно сте свесни дека вашиот партнер генерално не го споделува вашето одушевување кога ги носите. Дали сакате да ги зачините работите помеѓу чаршавите, од време на време излезете од вашите омилени пижами и облечете некое секси парче облека за кое знаете дека вашиот партнер нема да може да му одолее. Конечно, во отсуство на идеи, во кревет влезете “облечени” само во вашиот омилен парфем.
-
Премалку иницијативи
Секоја жена сака да биде заведена и целосно да им се препушти на рацете на својот маж, но тоа не значи дека ви е забрането понекогаш да преземете иницијатива и да водите главен збор во оваа игра. Заведете го својот маж, одведете го во кревет и натерајте го да ја задоволи секоја ваша желба. Кој знае, можеби тоа ќе му се допадне многу повеќе отколку што мислите.
-
Прекумерна критичност
Никој не мислеше дека би требало без прашања да им се прилагодувате на сите каприци на вашиот партнер, но критикувањето апсолутно на сè што ви пречи е еднакво катастрофално, ако не и покатастрофално за страста помеѓу чаршавите. Мажите се подготвени да претрпат сешто кога станува збор за нивните партнерки, но повеќето од нив едноставно не може да преминат преку постојаното критикување. Ако вашиот партнер навистина се обидува да ви угоди, не возвраќајте со приговарање за секој детал. И конечно – точно дајте му до знаење во што ќе уживате најмногу. Спротивно на популарното верување, на жените не им пишува на чело што ги возбудува.



















