И изложеноста на екстремен студ може да им помогне на луѓето да согоруваат маснотии во телото, да го подобрат имунолошкиот систем … Топло – ладната бања е одлична за здравјето.
Редовното одење во сауна може да го намали ризикот од мозочен удар за повеќе од 60 проценти кај мажите и жените во средни и поодминати години, покажала една нова студија објавена во списанието Neurology.
Во Финска, каде што студијата е спроведена, сауната веќе долго време се смета за средство за создавање на поотпорно тело.
Сите придобивки од одење во сауна
Препораката на експертите е да одите во сауна 3 до 4 пати неделно. При едно користење сауна треба да бидете во неа 20 минути и исто толку да го ладите телото и повторно да влезете на 20 минути. Во сува сауна температурата е висока, 90-100 степени, а нивото на влажност е многу ниско, до 10 проценти, пренесув TruthTheory.
Еве која корист има вашето тело
За вашиот мозок:
- Помага да се развијат нови клетки на мозокот.
- Му помага на мозокот да работи побрзо.
- Ја подобрува меморијата, вниманието и концентрацијата.
- Помага да се спречат дегенеративни болести.
- Ја подобрува моќта на медитацијат и визуелизацијата.
- Олеснува анксиозност и депресија.
- Природен е стимулатор на добро расположение.
За вашето тело:
- Помага мускулите да се поголеми, посилни и поефикасни.
- Ја зголемува можноста за долговечност и го забавува стареењето.
- Предизвикува масовно ослободување на хормонот за раст, кој е поврзан со формирање на мускулната маса и намалено количество на масни наслаги.
- Го зајакнува имунолошкиот систем.
- Ја подобрува инсулинската сензитивност (го намалува ризикот од дијабетес и метаболички нарушувања)
Продолжува на страна 2