Со потењето излегуваат сите токсини од телото:
- Токсичните метали во трагите: Арсен, кадмиј, олово и жива.
- Бисфенол-А (БПА) – го нарушува хормонот и ендокриниот систем. Го има во играчките, бебешките шишиња, пластичните садови, конзерви, итн.
- Фталати, DEHP – можат да влијаат на машкиот сексуален развој и да предизвикаат рак. Тие се пронајдени во многу пластични работи и во некоја храна.
Изложеноста на висока температура може да има и контраиндикации
– Контраиндицирано е изложувањето на поголема топлината на срцевите болни, затоа што со проширување на крвните садови на периферијата се одзема дел од крвотокот за срцето или мозокот, кој веќе е компромитиран со болеста. Исто така, и на мажи кои планираат потомство, бидејќи високата температура на тестисите ја намалува плодната моќ на сперматозоидите – објаснува Бранислава Чилиќ др.мед, специјалист по семејна медицина од Загреб.
– На бремените жени на кои периферниот проток им одзема дел од крвотокот наменет за плацентата и фетусот, но, исто така, и во првите недели од бременоста не се препорачува. Покрај тоа делува на нивото на окситоцинот, хормон кој е одговорен за трудовите, но и за социјалното и емоционалното во нас. Не е препорачливо ниту за пациентите со хемороиди, оние во фебрилни состојби и на луѓе со висок и низок крвен притисок, а внимателни треба да бидат и дијабетичарите – додаде Бранислава Чилиќ др.мед.
Таа, исто така, ги спомена и придобивките од изложеноста на топлина.
– Се зголемува протокот на крв низ ткивото и така се ослободуваат метаболичките продукти, отровите, но, и се забрзува метаболизмот, што има поволен ефект за отворање на порите на кожата. Исто така, телото се обидува да го намали вишокот на топлина па користи дополнителна енергија, што може да доведе до повисока потрошувачка на калории и губење маснотии. Покрај тоа, се зголемува и забрзува циркулацијата на крвта, и лимфниот проток има корисен ефект на периферниот нервен систем, проток низ уморните мускули, и има смирувачки ефект. Исто така, има корисен ефект врз намалување на целулитот, што е особено важно за жените – објасни лекарот.

















