Дајконот изобилува со витамини и минерали

44

Дајконот има мала енергентска вредност, 18 kcal во 100 g, но содржи многу различни витамини, минерали, ензими и други корисни нутритиенти. Освен коренот, се користат и младите листови на дајконот, кои се богати со витамин Ц, бета-каротин, калциум, калиум, железо.

Содржи многу фруктоза, скробни состојки, пектин и целулоза, кои го потпомагаат варењето на храната, па затоа често им се препорачува на лицата кои имаат проблеми со варењето.

Од минерали содржи калиум и калциум, а е богат извор и на витамин Ц (обезбедува 34% од дневната препорачана доза на овој витамин). Богат е со гликозиди и специфични материи со бактерицидно дејство.

Коренот се јаде сиров во вид на салата, исечен како гарнир (прилог на јадењето) или термички обработен на разни начини (кратко пржење со малку масло). Може да се пече и на скара, во рерна, да се вари и додава во разни супи и чорби од зеленчук. Сепак, најдобро е да се јаде свеж како салата, зачинета со лимон и маслиново масло.