Пет начини да воспитате мирољубиво дете

763

Објавено April 5, 2017. Прочитано 16755.

Детето кое има потреба секогаш да предизвикува судири со другите, всушност поради лошиот однос со родителите изградило одбранбен механизам, кој другите го доживуваат како агресивност и недостиг на самоконтрола.

Следуваат некои работи кои можеби несвесно ги правите, а кои придонесуваат за непријателскиот став на детето кон околината:

Не го ограничувајте детето повеќе отколку што е потребно

Родителите имаат обврска да ги заштитуваат децата од опасните ситуации, во кои може да навлезат, но многу често во тоа претеруваат. На децата им се забранува се што им е интересно, трчање, качување по дрва, правење акробации на велосипед, скокање од нишалки… Така се доаѓа до ситуација детето од утро до мрак да се соочува само со „не“ како одговор на своите желби и предлози, а се се најдобри намери на родителите. Покрај постојаната фрустрација, таквото дете е налутено на целиот свет и нерасположено за соработка.

Поттикнувајте самостојност и креативност

Не помагајте му на детето таму каде што е во состојба само да направи нешто, дури и ако му треба повеќе време и ако не сте сигурни дека ќе успее. Така од мали нозе се развива навика за справување со предизвиците. Исто така не му наметнувајте свои идеи и визии кога си игра или се занимава со некои свои креативни активности, туку дозволете му да научи да го слушне сопствениот глас и да го пронајде својот сензибилитет. Нема позадоволно, посмирено и подружељубиво дете  од она кое има изградено здрава самодоверба, затоа што имало можност да проба многу и да научи.

Не поттикнувајте нарцизам

Нарцисодните деца се сметаат себе си за повеќе вредни и повеќе заслужни од другите и не се грижат за солидарноста и пријателските односи. Тие се воспитани да веруваат дека се подобри од другите, дека е нормално секогаш да се во право и дека во меѓучовечките односи тие треба само да добиваат, а други да даваат.

Потрудите се подобро да ги разберат децата

Не се вели без причина за неразумното однесување дека е „детинесто“. Можете од петни жили да се борите да му објасните на детето зошто нешто не може или зошто нешто мора, но тоа се уште не е зрело тоа да го прифати и тоа морате да го имате предвид. Тоа не значи дека треба да му дозволите да ја наметнуваат својата волја или да биде дрско, но немате право да се лутите на него ако некои работи го погодуваат повеќе отколку што вие сметате дека е разумно. Затоа отфрлете ја од употреба реценицата како: „Како можеше…“, „Дали си ти нормален…“ или „Од каде таква идеа…“затоа што од детето не може да се очекува секогаш да имаат добри идеи.

За почеток, поставете го смирувањето како приоритет себе и на своите деца, па одлучете што од обврските можете, т.е. морате да жртвувате поради создавањето на малку опуштена атмосфера.

Работете на сопствената самоконтрола

Детето ќе усвои голем дел од родителските навики и за жал најчесто, оние најгрдите. Доколку дерењето, навредувањето и тендецијата да се расправате се вашите манири во односите со другите, посебно со децата, очекувајте дека и тие самите ќе станат извор на конфликти во своето опкружување. За почеток поставете си го смирувањето како приоритет и за себе и за децата, па одлучете што од обврските можете, односно морате да ги жртвувате заради создавање поопуштена атмосфера.