Наставник ја избричил главата за да спречи потсмевање на болен ученик!

1592

Иранецот Ali Mohammadian стана национален херој кога во знак на солидарност ја избричи главата. Го пофали и претседателот Rohani.

Да се биде наставник тешка е, слабо платена и особено напорна работа. Среќа што овие факти не го обесхрабриле Иранецот Аli Mohammadian кога тој го избра својето занимање. Тој е предавач во основното училиште, а во Marivan стана национален херој откако ја избричи главата заради солидарност со болен ученик.

Mohammadian се одлучил на тој чекор откако забележал дека децата во училницата му се потсмеваат на болниот Rahimija Mahana, кој ја загубил косата, пишува Гардијан. Четириесет и пет годишниот наставник потоа се сликаше со болното момче, а фотографијата ја објави на Фејсбук на почетокот на јануари.

– Нашите глави се чувствителни на косата. Mahan беше изолиран откако стана ќелав, од неговото лице исчезна смеата и бев многу загрижен за неговите оценки. Затоа решив да ја избричам мојата глава за да му помогнам да се врати на вистинскиот пат – тој напиша во знак на поддршка. Наскоро тој собра “лајкови” на илјадници Иранци. Преку ноќ стана сензација. Тој се појави на телевизија и беше на прием кај Министерот за образование.

Следуваа најдобрите реакција на сите – соучениците кои се исмејуваа на болниот колега, исто така, ја избричија главата!

Задоволниот наставник не го крие задоволството со промена на однесувањето на своите ученици. Не го крие ниту претседателот, Hasan Rohani, кој лично го пофали и понуди финансиска помош за лекување на момчето. Иранските лекари открија дека малиот Mahan има проблем со имунолошкиот систем. Не е јасно точно од што боледува, а лекарите се надеваат дека во поставувањето на дијагнозата ќе им помогнат колегите од Германија со кои тие соработуваат.

Споделете со вашите пријатели !