Кој го знае одговорот на ова прашање, веројатно е психопат | Сите сериски убијци точно одговориле од прва

392

Се работи за едно едноставно прашање, кое не е “трик прашање”, а на кое повеќето од уапсените сериски убијци дале точен одговор.

Познатиот канадски психолог Роберт Д. Харе е познат по сопствената метода за проценка на психопатија (Psychopathy Checklist-Revised – PCL-R), а често работи како консултант за ФБИ, во случаите со киднапирани деца и сериски убијци.

Во принцип, за психопати се сметаат луѓе кои не покажуваат каење за своите постапки и не се способни за емпатија.

По трагата на “чек-листата”на Харе, психолозите смислиле многу едноставен тест со кој може да се утврди дали некој размислува како сериски убиец.

Се работи за едно едноставно прашање, кое не е “трик прашање”, а на кое повеќето од уапсените сериски убијци дале точен одговор, верувале или не.

Прочитате ја оваа кратка приказна, а потоа обидете се да одговорите на прашањето кое следи после приказната.

“Жената била на погребот на својата мајка и меѓу луѓето видела еден маж кој никогаш порано не го видела. Тој ѝ изгледал како идеален маж и се заљубила во него на прв поглед. Сепак, таа го немала неговиот контакт и не знаела како да дојде до неговиот телефонски број. Неколку дена подоцна ја убила својата сестра.”

Прашање: Што е мотивот за убиството на нејзината сестра?

(Размислете пред да одговорите)

Одговор: Таа се надевала дека мажот ќе се појави на погребот.

Ако не сте го знаеле одговорот на прашањето, добро е, вие не сте психопат.