Случајно налетале на „морски змеј“ од 25 метри | „Мислевме дека се остатоци од диносаурус, но ова е без преседан“

992

За време на уредувањето на околината во природниот резерват Rutland во близина на Leicester, Англија, во февруари 2021 година, работниците пронашле фосилизирани остатоци од десет метри долг морски предатор, ihtiosaur, најголем од ваков вид откриен во Британија.

Вработениот во Nature Reserve, Joe Avis, првично мислел дека тој и неговите колеги откриле остатоци од диносаурус, но по понатамошното ископување, забележале вилица.

Тим од палеонтолози заклучи дека се работи за ихтиосаур, топлокрвен морски предатор кој вдишува воздух и живеел пред 250 до 90 милиони години, а некои примероци можеле да пораснат и до 25 метри.

Името Ichthyosaurus доаѓа од грчките зборови за риба и гуштер.

Едно од најголемите откритија во британската палеонтолошка историја

Др. Dean Lomax, палеонтолог од Универзитетот во Manchester, рече дека тоа е „откритие без преседан“, и поради големината и целост на фосилот.

Тој истакна дека ова е „едно од најголемите откритија во британската палеонтолошка историја“.

Ichthyosaurus и другите морски влекачи обично се наоѓале во близина на брегот на Dorset или Yorkshire, каде што повеќето од остатоците биле изложени на ерозија на карпи. Но, ова откритие на копното е многу необично. Rutland се наоѓа на 50 километри од брегот. 200 милиони години нивото на морето било многу повисоко отколку што е денес, а областа каде што е откриен фосилот на огромен и добро сочуван морски змеј некогаш била плитка“, рече Lomax.

Големо парче глина во која се наоѓала главата на ихтиосаурот внимателно е ископано, а тежел речиси еден тон. Работите околу ископувањето се долги и сложени, но експертите сега детално ќе ги анализираат фосилните остатоци.

Управата на резерватот Rutland ќе се обиде да собере доволно пари за да ги зачува фосилните остатоци од ихтиосаурот на местото каде што е пронајден, притоа ставајќи го на располагање и на локалната заедница и на посетителите на резерватот.