Македонија загуби од Словенија со 27-25

1079

Македонија загуби од Словенија со 27-25, на полувреме губевме со 13-10, одигравме борбено, но „змајчеки“ заслужено стигнаа до победата, ги искористија нашите грешки.

Добро тргнавме со 4-1 на почетокот, но Словенија се врати со 6-0, го презеде водството и првиот дел го реши со три разлика, 13-10.

Мартин Томовски со 8 одбрани не држеше во игра во првите 30 минути.

Во второто полувреме тргнавме со многу грешки, на моменти во ист стил возвратија и Словенците, но противникот го одржуваше резултатот во своја корист на плус 3 и 4 разлика, а во 39 минута се вративме на минус еден 19-18, а губевме со 17-12… Потоа повторно влеговме во серија на грешки, а Словенија тоа умешно го искористи.

Нашите репрезентативци одиграа борбено,и покрај поразот, оваа генерација на млади играчи докажа на оваа средба дека има сила во иднина да не радува на големите натпреварувања.

Најефикасен во нашиот тим беше Кузмановски со 8 погодоци, голманот Томовски средбата ја заврши со 12 одбрани. Следно за Македонија е дуелот со Црна Гора на 15 јануари во 18 часот.