Кога сонувате патување, тоа многу кажува за вашите скриени желби

1906

Ако днесувања ги водат други луѓе и тие се оние кои го контролираат вашиот пат и одлуки. Некои поретки превозни средства во сон, како авион или брод, се важни за да објасните што ве мачи – тие претежно го претставуваат вашето семејство и некои големи промени што ги доживувате во врска со нив и други блиски луѓе.

Настрана превозните средства и луѓето со кои патувате, би било добро да се сетите по каков пат сте патувавле. Дали бил во кривини, прав, брз, краток, долг или можеби полно со препреки. Ако патот се раздвојува и во сон не знаете по кој пат да тргнете, тоа значи дека поминувате низ такво нешто во реалниот живот и збунети сте и не знаете кој пат треба да изберете.

Прашањето дали патувате по копно, море или летате исто така ќе направи голема разлика. Ова објаснува колку е важно прашањето за вас и проблемот со кој се справувате. Патувањето со авион и брод претставува големи проблеми и големи борби низ кои минувате.

Нема да ја знаете дестинацијата во вашиот сон, па затоа обично е патот тој кој го зафаќа целиот сон. Но, вашата дестинација означува колку сте подготвени да се истражувате самите себе, вашите размислувања и начинот на кој ќе донесувате одлуки.

Непознатите земји покажуваат дека сте подготвени да прифатите нешто ново и непознато, додека одењето на познато место значи дека имате засолниште и личност на која и верувате. Неистражените места можат да покажат дека сте подготвени да истражите нови места, луѓе и да отидете чекор подалеку од вашата зона на удобност.