НА ЧЕКОР ДО ЛЕКОТ | Таблетата која лекува ковид наскоро достапна | ‘Ова може да биде револуционерно!’

176

Молнупиравир постигна одлични резултати во клиничките студии, драстично намалувајќи ги потешките форми на болеста.

Компанијата Merck и партнерот Ridgeback Biotherapeutics објавиле дека побарале од американската администрација за храна и лекови (ФДА) итно одобрување на лекот и планираат да побараат одобрување од регулаторните агенции ширум светот, пренесува Дејли Меил.

„Ова ќе го смени начинот на кој се бориме против Ковид-19“, рече Robert Davis, извршен директор на Merck.

Доколку биде одобрен, molnupiravir, кој делува така што внесува грешка во генетскиот код на вирусот и со тоа го спречува да прави копии, ќе биде првиот орален антивирусен лек против Ковид-19.

Корисно како додаток на вакцинацијата

Ривалите, вклучително и Pfizer и швајцарската фармацевтска компанија Roche, се тркаат за развој на антивирусни таблети. Досега, само коктели од антитела, дадени интравенозно, се одобрени за третман на нехоспитализирани заразени пациенти.
Научниците го поздравија потенцијалниот нов лек за спречување потешки форми на „Ковид-19“, што досега уби речиси пет милиони луѓе ширум светот.

„Достапноста на ефективен орален антивирусен лек без несакани ефекти ќе биде особено корисна покрај вакцинацијата и намалувањето на хоспитализацијата“, рече Penny Ward, професор по фармацевтска медицина на King’s College во Лондон.

Засега, допрва треба да се спроведат независни студии, но независни експерти кои ги надгледуваа студиите на Merck велат дека сакале да го прекинат истражувањето – бидејќи покажало одлични резултати во раните фази.

„Ги надмина сите очекувања за тоа што лекот воопшто може во клиничко испитување“, посочува д-р Dean Li, потпретседател на истражувањето на Merck. „Кога ќе видите намалување на хоспитализацијата или смртта, тоа е значајно“, посочува тој.

Лекот може да излезе веќе следната година

Merck очекува да произведе десет милиони пакувања со лекот до крајот на 2021 година, а повеќе дози ќе бидат достапни следната година.