Бракот е готов

2667

Дали треба на детето да му се образложат причините за развод?

За детето, всушност, не е важна причината за разводот, туку самиот факт дека повеќе нема да живеат заедно ниту да делат некои заеднички навики и што тој континуитетот на животот ќе биде прекинат.

На детето не е потребно да му се образложуваат причините заради кои родителите се разведуваат. Тоа, всушност, никогаш и не може да биде само една причина. Сите непотребни информации дополнително ќе го збунат детето, бидејќи тоа не е возрасен и зрел човек кој тие причини може да ги прифати и да ги разбере. За самото дете, всушност, не е важна причината за разводот, туку самиот факт дека повеќе нема да живеат заедно ниту ќе делат некои заеднички навики, и континуитетот на животот ќе се прекине. Затоа секое друго објаснување би можело да предизвика кај детето чувство на гнев, кое најмногу нему ќе му штети.

Како со децата да се зборува за разводот?

За да детето не ја изгуби вербата во семејството, а подоцна во животот да има проблеми во  создавањето спствено семејство, потребен е секојдневен разговор со детето. Објаснувајќи му на детето дека едно лошо искуство не мора да значи дека секое идно ќе биде такво, неговите родители му обезбедуваат нова димензија во однос на функционалноста на семејството. Тоа значи дека еден неуспешен брак во никој случај не значи дека и другиот ќе биде таков.

Седум правила на комуникација по разводот

Добро е родителите да се служат со позитивни примери на луѓе од околината (на пример, баби и дедовци се долго време во еден убав брак). Важно е детето да разбере дека тоа е независно и способно, кога ќе порасне, да донесе одлуки кои ќе бидат мотивирани само од неговите потреби и желби, а не со ставовите на родителите.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk