Еве што треба да направите за поуспешна врска

1868

Доколку разговарате со било која личност која користи апликации за состанување, секоја од нив ќе ви потврди дека тоа е навистина тешко. Многумина од нас веќе сме изморени во потрага по вистинска љубов и партнер кој ќе ни биде погоден.

Потрагата по партнер е многу потешка овие денови каде користењето на апликации за дејтување, социјални медиуми и сл. се во постојан пораст. Правилата поврзани со врските и браковите постојано мутираат. Па, така денес е многу поразличен бракот од пред неколку десетици години. Луѓето многу често посегнуваат и по разводи.

Врз основа на тоа се наметнува прашањето за тоа како успева љубовната врска во денешно време, односно што се е потребно да направиме за да ни успее врската во 2020 година.

Состанувајте се повеќе

Иако денес сме многу посветени на кариерите и водиме причично исполнет живот, сепак статистиките покажуваат дека повеќе од 27% од Американците користат дејтинг апликации. Она што треба да го имате на ум е дека жените немаат веќе така пасивна улога за разлика од порано, кога мажите традиционало ги поканувале жените на состанок. Сите незафатени личности може слободно да се препуштат во состанување со различни личности со цел да можат да искусат различни карактери, а зафатените да посветат повеќе време поминувајќи со партнерите и на зајакнување на довербата.

Комуникација

Развојот на технологијата доведе да ги направи далечните врски многу полесни за одржување. Сите имаме интернет постојано, како и различни апликации кои ни овозможуваат разговор со вклучена камера. Технологијата знае да биде рецепт за успешна врска кога станува збор за сите парови кои почесто патуваат поради своите работни обврски. Сепак, користрењето на технологијата треба да биде намалено кога сте заедно со партнерот.

Социјални Медиуми

Врската помеѓу довербата и социјалните медиуми е многу тенка и кршлива. Проблемот во повеќето врски е тоа што партнерот повеќе време поминува на социјалните медиуми, отколку со другата половина. Исто така се наметнува и прашањето за изложеноста на врската на самите социјални медиуми. Секогаш гледајте да не ја експонирате вашата врска на социјалните медиуми.