Еве како да ја задржите страста на подолги патеки

1617

Освежувањето на врската навистина е едноставно и може да донесе голема забава за двата партнера.

Прочитајте повеќе за тоа како да ја зачините вашата врска и воедно да уживате во неа.

Воведете состаноци повторно

Давањето на внимание за време на состаноците, навистина знае да ја зголеми убавината во вашата врска, а еден од тие начини е повторно да почнете да се состанувате. Секогаш треба да имате предвид дека состанувањето не треба да е карактеристика само за почеток на врската.

Одете на втор меден месец

Медените месеци, не се само за штотуку венчаните парови. Вашето наредно патување нека не биде сдамо обичен одмор со децата. Избегајте некаде далеку само вие и вашиот партнер.

Тргнете се од телефоните

Посветете си определено време во денот каде технологијата нема да заземе место и пробајте да го искористите во разговар на тоа како ви поминал денот и сл.

Капете се заедно

Навистина романтично и опуштувачки. Исто како во старите времиња. Наполнете ја кадата, пуштете добра музика, земете вино и повикајте го партнерот на уживање.

Помагајте си еден на друг

Партнерот е најблиската личнст која ја имате, па затоа и помагањето еден на друг треба да ви биде секојдневие. Од ситни обврски до големи животни прашања, вие секогаш треба да бидете тука за вашиот партнер.

Хранете се заедно

Навистина слатко и романтично искуство кое дефинитивно ќе ве насмее.

Вежбајте зголемен контакт со очите

Гледајте колку можете повеќе да поминете време гледајќи се еден во друг.

Танцувајте на само

Опуштете се, пуштете си ги вашите омилени заеднички песни и препуштете се ритамот да ве води.

Приуштете си масажи

Вистинска поткрепа е кога партнерот ќе ве измасира после долг и напорен ден. Приуштете му го тоа задоволство и измасирајте го вечерва.

Пишувајте и оставајте му љубовни пораки на вашиот партнер на необични места

Наједноставниот и најлесниот начин да изнудите насмевка на лицето на вашиот партнер.

Зборете го јазикот на љубовта меѓусебно

Искажувајте си мили зборови, покажувајте нежност, емоција и позитивна енергија.

Започнете со три од наведениве активности. Сексот доаѓа како десерт. Препуштете се на задоволствата и уживајте!