Потребно
За тестото
- 2 и ½ чаши брашно
- 125 г путер, ладен
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 6 до 8 лажички ледена вода
За филот
- ¼ чаша брашно
- 6 чаши свежи капини (или боровинки), може и замрзнати
- ½ лажичка лимонска киселина
- 1 лажица лимонова кора, рендан
- ½ чаша шеќер
- ¼ лажичка цимет
- 2 лажици масло, омекнато на собна температура
Состојки за премачкување
- 1 јајце
- 1 лажица млеко
Подготовка
Измешајте ги сите состојки за тестото. Поделете го на две топки. Расукајте кора од едната топка, дебела околу половина сантиметар.Раширете ја во намачкана и набрашнета тави и соберете го вишокот тесто. Оставете во фрижидер за околу половина час да се излади.
Внимателно измешајте капини, шеќер, брашно, циметот, лимоновата кора и сок од лимон во голем сад. Измешајте добро и ставете ја смесата врз изладената кора. Другата кора расукајте ја внимателно.
Покријте ја суровата пита со втората кора. Намачкајте со матено јајце и млеко, кои претходно сте ги промешале добро. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути.
Време за подготовка 1 час и 30 минути



















