Еве што се случува со вашето тело кога прескокнувате оброци

320

Сигурно и на вас понекогаш ви се случува да прескокнете некој од главните оброци, без разлика дали се работи за појадок, ручек или вечера.

Понекогаш можеби ви се случува наместо соодветен оброк, да се „залажете“ со овошка или закуска, но дали некогаш сте размислувале дали е тоа добро за вашиот организам?

Можеби причината поради која ги прескокнувате оброците е тоа што сакате да ги намалите вишокот килограми или едноставно е поради тоа што имате премногу обврски во текот на денот и заборавате или немате време за јадење.

Прекокнувањето на оброците во ретки случаеви не е толку лоша работа, но постојаното прескокнување на оброците може да има негативни влијанија врз вашиот организам. Дознајте што сѐ се случува со вашиот организам кога ги прескокнувате оброците!

Успорување на метаболизмот

Кога не јадете редовно вашето тело ја губи енергијата, а бидејќи организмот не ја добива пторебната храна тогаш тој поспоро ја вари храната, со цел да ја зачува енергијата за подоцна. Доколку ви се случи да прескокнете некој оброк, тогаш потребно е да внесете храна со повеќе маснотии, за да му помогнете на организмот да се опорави. Исто така, препорачливо е консумирање на поголемо количество на вода.

Зголемување на тежината

Спроед неколку студии е докажано дека со прескокнување на оброците не ги намалувате килгорамите, туку напротив ги зголемувате, со што доаѓа до зголемување на тежината. Причината е тоа што кога ќе го прескокнете оброкот, вие прегладнувате и со тоа потоа се прејадувате. Прескокнувањето на оброкот прави организмот да прегладни, а него му е потребно постојано да се полни со потребните хранливи материи и енергија.

Чувство на нервоза

Вистината е дека гладот предизвикува чувство на нервоза и прави повеќе да се чувствувате фрустрирано и непријатно. Тоа е поради тоа што нивото на шеќер во крвта се намалува, како последица од прескокнувањето на оброкот.

Негативно влијае на организмот

Постојаното прескокнување на оброците негативно влијае на организмот. Тоа е бидејќи го намалувате внесувањето на потребните витамини и минерали кои се потребни за здраво функционирање на организмот. Исто така се намалува и концентрацијата, со што може да доведе до несоодветно извршување на работните обврски.

Доколку сакате да ги намалите вишокот килограми, тогаш во ниеден случај не изгладнувајте и не ги намалувајте или прескокнувајте оброците. За да дојдете до посакуваната тежина потребно е редовно да консумирате здрава храна, односно оброци со многу зеленчук и овошје, големо количество на вода и секако не заборавајте на физичката активност.