Шпанска треска (грип)

1347

Шпанската треска или шпанскиот грип е една од најсмртоносните пандемии во историјата на човештвото.

Појавена е кон крајот на Првата светска војна, а и во три бранови се проширила низ целата Земја. Според последните проценки, третина од светската популација била заразена и имала клинички манифестирана болест (околу петстотини милиони луѓе), а околу педесет милиони луѓе починале.

Така, шпанската треска однесе пет пати повеќе животи од Првата светска војна. Нејзиниот предизвикувачки агенс бил вирусот на грип А (H1N1).

Дали проучувањето на шпанската треска дало резултати што ќе помогнат да се избегнат појави на нови смртоносни пандемии?

Симптоми

Жртвите на шпанската треска наголемо пателе. Неколку часови по првите симптоми, се појавува екстремен замор, треска и главоболка, а жртвите помодруваат. Понекогаш сината боја станува толку изразена што било тешко да се одреди оригиналната боја на кожата на пациентот.

Пациентите би имале толку силна кашлица што кај некои предизвикала кинење на стомачните мускули. Пена и крв течеле од устата и носот. Некои крвареле и од ушите, некои повраќале, а другите не можеле да го контролираат своето однесување, мокрење или дефекација.

Шпанската треска го зафати светот толку нагло и сериозно што многу од нејзините жртви починале неколку часа по првиот симпром. Некои починале еден ден или два дена откако сфатиле дека се болни. Сериозноста на оваа треска била алармантна.

Луѓето низ целиот Свет биле загрижени дека ќе бидат заразени. Некои градови дале наредба сите да носат маски. Забрането е плукањето и кашлањето во јавноста. Затворени се училиштата и театрите, а масовните собири ограничени.

Историја

Првиот бран на пандемијата на шпанска треска започнал во пролетта 1918 година. Потоа следуваа два бранови кои однеле најголем број животи. Вториот пандемски бран започнал во есента 1918 година, а третиот во зимата 1919 година.

Не е позната географската локација на првото појавување на пандемискиот вирус, а постои мислење дека болеста се викала „Шпанска“ затоа што Шпанија не била учесник во војната, па затоа за болеста отворено се пишувало по весниците, за разлика од другите земји каде што була присутна силна цензура. Има малку информации за бројот на заболни и мртви луѓе кај нас за време на шпанската треска, што се должи на сложените воени околности и создавање на нова држава во времето кога болеста била присутна.

Како и да е, речиси сигурно е дека болеста земала голем данок, како и во другите европски земји. Пред почетокот на шпанската треска, а од 1890 година, се сметало дека грипот е предизвикан од Haemophilus influenzae (Pfeifer bacillus).

Pfajfer ја открил оваа бактерија за време на пандемијата на грипот во 1889-1890 година. За време на шпанската треска, постои сомнеж за точноста на индикацијата на Фајферовата бактерија како етиолошки агенс на грипот. На 5 октомври 2005 година е објавено дека причината за шпанската треска е реконструирана или практично оживеана.

Реконструкцијата ја извршиле научници од Центрите за контрола на болести и превенција во Атланта, во соработка со научници од американскиот институт за патологија на армијата и на Медицинскиот факултет „Монт Синај“. Научниците се надеваат дека со темелното проучување на вирусот на шпанската треска целосно ќе ја изучи основата на вирулентноста и патогеноста на вирусот на грип.

H1N1 virus

Големото внимание е насочено кон овие студии заради глобалниот страв дека тогашниот птичји грип, предизвикан од вирусот на грип А (Х5Н1), може да предизвика пандемија како онаа од 1918-1919 година. година. Со споредувањето на шпанската треска и птичји грип се настојувало да се извлечат заклучоци за тоа колку близу или далеку е вирусот на птичји грип од пандемија.

Научниците верувале дека скоро сигурно реконструираниот вирус на шпанска треска нема да предизвика болест со таква големина како во 1918 година ако ја напушти лабораторијата. Причината за ова била глобалниот имунитет создаден од контакт со вируси на грип H1N1.

Но што ни се случува ова денес … ?!?!?