Руми – 7 моќни совети кои целосно ќе ве воодушеват

135

Мухамед Џалалудин Руми, познат како Мевлана бил поет, правник, исламски научник, теолог и суфиски учител. Се смета за еден од најпознатите мистични поети на исламот, кој пишувал на персиски јазик.

Името Руми го добил затоа што својот својот живот го поминал во Рума (Румски султанат), денешна средна Анадолија, додека името Мевлана на персиски значи “нашиот водач”.

Најпознатата поема на Руми е Масневија, која се состои од шест книги и се занимава со различни теми, често во форма на параболи и анегдоти напишани во живописен стих. Меѓу муслиманските мистици позната е како “Куранот на персиски”.

Руми инспирира создавање на независно суфиско братство мевлевија, именувано по почесната титула која студентите ја имаат доделено на својот учител (Mawlana – нашиот учител).

Овој ред стана познат во Европа како “вртешки дервиши” според важната улога на ритуалниот танц во задолжителниот неделен ритуал кој се нарекува сама.

Руми – Седум совети

1. Во великодушноста и во помагањето, биди како течна вода.
2. Во милосрдието и доброна мерата, биди како сонце.
3. Во покривање на туѓи недостатоци, биди како ноќ.
4. Во гнев и во нервоза, биди како мртовец.
5. Во скромност и понизност, биди како земја.
6. Во благонаклоноста, биди како море.
7. Или престави се онаков каков си, или биди онаков каков се преставуваш.