Неколку факти за вработените жени

428

Жените во деловниот свет можеби напредуваат, но пред нив е и долг пат до суштинската рамноправност.

Ова е заклучок од студијата која оваа година ја спроведе магазинот „Ел“.

Во истражувањето учествувале 1.200 вработени мажи и жени, а еве некои од добиените резултати:

Половата дискриминација сѐ уште постои

Дури 28% од жените веруваат дека на работното место доживуваат некој облик на дискриминација.

Половина од вработените жени не бараат покачување

Околу 53% од жените никогаш не побарале покачување, додека кај мажите таа бројка е 48%.

Студијата покажала дека мажите се во поповолна позиција кога на почетокот од соработката се потврдува платата, бидејќи за нив е многу поверојатно дека ќе побараат повисока плата уште пред да почнат да работат.

Жените чувсвтвуваат дека постојано се под контрола

Две третини од испитаничките кои учествувале во ова истражување, сметаат дека во компанијата каде што работат се многу построго контролирани, отколку нивните машки колеги. Со ова се согласуваат и машките испитаници.

Жените мислат дека повеќе би заработувале ако биле мажи

Речиси една третина од испитаничките веруваат дека нивната заработка на истата позиција и за истата работа би била поголема, доколку биле мажи. Ова ја поткрепува и студијата направена во Америка, според која 97% од жените заработуваат помалку од машките колеги на истата позиција

Половите стереотипи се уште застапени во канцелариите

Вработените жени почесто отколку мажите ќе добијат комплименти дека на работа се сочувствителни, љубезни и трпеливи, додека е многу веројатно машките работници да бидат окарактеризирани како мрзливи и агресивни.

Заклучокот од студијата е дека жените се поподготвени да ги унапредат своите позиции отколку порано, но дека во тоа ги спречува корпоративната политика. Забележано е и дека постои големо согласување во мислењето на мажите и жените по прашањата кои се однесуваат на половата нерамноправност, што е исто така значен напредок.

Со Cashback до стабилен и сигурен живот.

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cshback world – Cashback