Овој крш на Марс изгледа како летечка чинија на вонземјани | НАСА обвинета за оставање ѓубре во вселената

768

Научниците сакаат да ги проучат остатоците како подготовка за идната мисија, во која имаат намера да ја донесат карпата од Марс на Земја.

Можеби грешите кога мислите дека оваа руина на Марс е урнат НЛО што им припаѓа на вонземјани, но всушност тоа е хаосот на НАСА. Според The ​​Sun, шокантната фотографија покажува скршена задна обвивка (“backshell”) што се користела за безбедно слетување на вселенското летало на Црвената планета минатата година.

За среќа, роверот на Марс Perseverance и хеликоптерот Ingenuity не ја доживеале истата судбина. Всушност, Ingenuity ја испратил снимката до Земјата минатата недела. Исто така може да забележите и искористен падобран распослан во позадина.

Спуштањето на Црвената планета е застрашувачки сложено, а експертите се соочуваат со страшни „седум минути терор“. За време на оваа напната последна фаза, вселенското летало патува низ атмосферата на Марс со неверојатни 12.000 милји на час низ високи температури и има само околу 400 секунди да ја намали својата брзина на помалку од 1 m/s.

Падобранската купола е неоштетена

Научниците сакаат да ги проучат остатоците како подготовка за идната мисија, во која планираат да донесат карпа од Марс на Земјата. Изненадувачки е што мислат дека куполата на падобранот не покажува никакви знаци на оштетување.

„Perseverance го има најдобро документирано слетувањето на Марс во историјата, со камери кои покажуваат сè, од надувување на падобранот до допирање“, рече Ian Clark, од Лабораторијата за млазен погон на НАСА (JPL).

„Но, сликите од Ingenuity нудат поинаков поглед. Ако потврдат дека нашите системи функционирале онака како што ние мислиме дека работеле, или дури и да дадат еден куп на инженерски податоци што можеме да ги искористиме за да планираме враќање на примероци од Марс, тоа би било неверојатно. А ако не, сликите сè уште се феноменални и инспиративни“, рече тој.

Сепак, фотографиите предизвикаа и бес, а некои ја критикуваа вселенската агенција на социјалните мрежи дека остава ѓубре во вселената.

„Проклети Земјани, тие секогаш оставаат ѓубре“, рече едно лице. „Не сме задоволни само со уништување на нашата планета“, додаде друг.