Нема дете кое не знае кој е симпатичниот дедо во црвен костим кој на “послушните” им носи подароци и пакетчиња. Дедо Мраз е составен дел од прославите на божикните и новогодишни празници со векови но, неговата задача, изгледот па дури и името низ историјата се менувале.
Ликот на добродушниот дедо кој на децата им носи подароци е присутен и во приказните и легендите на сите народи низ светот. Името и изгледот се различни од култура до култура, но се смета дека за поимот на Дедо Мраз најзаслужни се претхристијанските верувања на германските и словенските народи кои, со покрстувањето го комбинирале со ликот на христијанскиот Свети Никола.
Може да се каже дека Свети Никола е далечен предок на денешниот Дедо Мраз. Првите записи за овој светител, епископ и добродетел со потекло од Мала Азија и потекнуваат од 4 век.
Во македонската традиција
Според проф. д-р Марко Китевски, Свети Никола зазема значајно место во традицијата и верувањата на македонскиот народ, а многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник, па затоа со многу обичаи, жртви, обредни лебови и слично го празнуваат неговиот ден, денот на неговата смрт, 19 декември.
Како Свети Никола бил трансформиран во Дедо Мраз и како приказната за Дедо Мраз, која доаѓа од север, се вклопила во биографијата на Свети Никола?
Преданието вели дека пред многу години Бог заповедал сите светци да имаат по еден свој ден во годината, а Свети Никола да има два дена. Тој бил голем добродетел кој своето богатство и имот им го разделил на сиромашните, а тој самиот воден од чудесен глас, тргнал низ народот да шири вера, правда и милосрдие.
Една од најпознатите приказни за Св. Николас е дека спасил три сиромашни сестри да не бидат продадени во ропство или проституција од нивниот татко, и им дал мираз за да можат да се мажат. Со текот на многу години, популарноста на Николас се раширила и тој станал познат како заштитник на децата и морнарите. Ова традиционално се смета за среќен ден за да се направи голема купувачка или свадба.
Во ренесансата, Св. Николас бил најпознатиот светец во Европа. Дури и по протестантската реформација, кога обожувањето на светците опаднало, Св. Николас ја задржал позитивната репутација, посебно во Холандија. Синтер Клаас доаѓа во Њујорк. Св. Николас првпат влегол во американската популарна култура кон крајот на 18 век. Во декември 1773, и повторно во 1774 година, еден њујоршки весник објавил текст дека група холандски семејства се собрале во чест на годишнината од неговата смрт. Името Санта Клаус дошло од холандскиот прекар Синтер Клаас, скратено од Синт Николаас (на холандски Сент Николас). Во 1804, Џон Пинтад, член на њујоршкото Историско друштво, поделил дрвени резби со ликот на Св. Николас на годишниот состанок на друштвото. На заднината од резбата го имало денес познатиот лик на Дедо Мраз, вклучувајќи и чорап полн со играчки и овошје како висат над каминот. Во 1809, Вошингтон Ајрвинг помогнал да се популаризира Синтер Клаас кога се осврнал на Св. Николас како светец патрон на Њујорк во неговата книга „Историјата на Њујорк”.
Како што растело неговото почитување, Синтер Клаас бил секако опишуван, од „немирко” со сина триаглеста капа, со црвено палто до појас и жолти чорапи, до човек кој носи широка крзнена капа и „огромен чифт фламански пантолони до коленици”.
Дедомразовците од трговските центри дарувањето, посебно за децата, е важен дел од божикната иконографија уште од повторното воведување на празникот на почетокот на 19 век. Во 1820 година, продавниците почнале со рекламирање на божикните купувања, а во 40-тите години весниците правеле посебни страни за празнични рекламирања, кои често вклучувале и слики од новопопуларниот Санта Клаус.
Во 1841 година илјадници деца поминале низ продавницата Филаделфија за да видат кукла на Дедо Мраз во човечка големина. Било прашање на време пред продавниците да почнат да ги привлекуваат децата и нивите родители, за да видат „жив” Дедо Мраз. На почетокот на 90-тите, на Армијата на спасот и требало пари за да плати за бесплатни божикни оброци кои ги обезбедувале за најсиромашните семејства. Почнале да облекуваат невработени луѓе во костими на дедомразовци и ги испраќале по улиците на Њујорк за да собираат донации. Оттогаш, овие познати дедомразовци на Армијата на спасот со своите ѕвона се секоја година по уличните агли во Америка.
Стар весел добричок елф
Човекот од Ноќта пред Божик во 1822, епископскиот свештеник Клемент Кларк Мур напишал долга божикна поема за неговите три ќерки, насловена „Момент од посетата на Дедо Мраз”. Поемата на Мур, која никој не сакал да ја објави заради откачената природа на опишаниот човек, е највиновна за современиот изглед на Дедо Мраз, како „стар весел добричок елф”, со полничок изглед и натприродни способности да се спушта низ оџакот – и покрај неговата голема глава!
Иако можеби некои од приказните на Мур биле позајмени од други извори, неговата поема помогнала да се популаризира денес познатиот изглед на Дедо Мраз, кој на Божикната вечер лета од куќа до куќа, „во минијатурна санка”, која ја водат осум ирваси – и остава подароци за добрите деца. „Момент од посетата на Дедо Мраз” создала нова и инстант популарна американска икона.
Во 1881, политичкиот карикатурист Томас Наст, според поемата на Мур нацртал прв лик кој соодветствува со нашиот денешен изглед на Дедо Мраз. Неговата карикатура, која се појавила во Харперс Викли, го прикажува Дедо Мраз како дебел, весел човек со голема густа бела брада, и како носи торба со играчки за умните деца. Токму Насти му го дал на Дедо Мраз изгледот со црвен костим со бело крзно, со работилницата на Северниот Пол, со џуџињата и неговата жена г-ѓа Клаус.
Дедо Мраз под други имиња Во Америка во 18-иот век, Санта Клаус не бил инспириран само од дарителот Св. Николас кој се појавувал за време на Божиќ. Слични ликови биле популарни низ целиот свет. Се верувало дека Кристкинд или Крист Крингл им делел продароци на добрите швајцарски и германски деца. Значењето Кристкинд (Христос дете) е лик со физиономија на ангел, кој често го придружувал Св. Николас во неговите празнични мисии. Во Скандинавија, за веселиот елф наречен Јултомтен се верувало дека дели дарови во санка која ја влечат кози.
Отец Божик ги полни чорапите со подароци
Една англиска легенда вели дека Отец Божик го посетува секој дом на Божикната вечер, за да ги наполни чорапите на децата со празнични дребулии.
Пере Ноел е виновен за полнењето на чевлите на француските деца. Во Русија се верува дека една стара жена со име Бабушка, намерно му дала на некој мудар човек погрешен правец кон Витлеем за да не го најдат Исус. Потоа таа се чувствувала засрамена, но не можела да го најде човекот за да ја исправи својата грешка. До денес, на 5 јануари Бабушка ги посетува руските деца и дели дарови, со надеж дека едно од нив е бебето Исус и дека ќе и биде простено. Во Италија постои слична приказна за жена наречена Ла Бефана, љубезна вештерка која јава на метла низ оџаците на италијанските домови за да дели играчки во чорапите на умните деца.
Деветтиот ирвас Рудолф, „најпознатиот ирвас”, бил роден сто години по неговите осум летачки претходници. Црвеноносестото чудо бил креација на Роберт Меј, копирајтер во продавницата Монтгомери вард. Во 1939, Меј напишал божикна поема во обид да се зголеми продажбата за Божик во неговата продавница. Користејќи слична рима како и моровата „Ноќта пред Божиќ”, Меј раскажува приказна за Рудолф, млад ирвас кој бил задеван од другите ирваси заради неговиот голем црвен нос кој светел. Но кога на божикната вечер паднала магла, и Дедо Мраз се загрижил дека нема да може да ги подели подароците таа вечер, ирвасот го спасил Божик водејќи ја санката со помош на светлото на неговиот нос.
Приказната за Рудолф била преведена на 25 јазици
Пораката за Рудолф – која зборува за шансата, дека ограниченоста може да биде претворена во корист – се покажала како многу популарна. Во Монтгомери вард во 1939 година продале скоро два и пол милиони примероци од приказната. Кога била реиздадена во 1946 година, книгата била продадена во над три и пол милиони примероци. Неколку години подоцна, во 1949, еден од пријателите на Меј, Џон Маркс, напишал кратка песна на основа на приказната за Рудолф. Таа била снимена од Џин Отри, а плочата била продадена во над два милиони примероци. Оттогаш, приказната била преведена на 25 јазици, според неа е направен телевизиски филм во кој гласот го позајмува Барл Ајвс, филм кој ги разгалува гледачите уште од 1964 година.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.