ТОМ ХЕНКС СЕГА ИМА И ГРЧКИ ПАСОШ, А ЕВЕ И ЗОШТО

816

Познатиот актер добил почесно државјанство, а за сè е „виновна“неговата сопруга.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос потпишал одлука за доделување почесно државјанство на американскиот актер Том Хенкс, „вљубеник во Грција“, објави во петокот грчката новинска агенција АНА.

Хенкс (63) е оженет со Рита Вилсон, актерка, пејачка и продуцент со грчко потекло. Таа го продуцирала познатиот филм „Мојата грчка венчавка“ (2002).

Хенкс и Вилсон поседуваат куќа на грчкиот остров Антипорос, каде поминуваат секое лето, а честопати на социјалните мрежи објавуваат фотографии од нивните авантури низ Грција.

Хенкс е еден од најплатените холивудски актери. Тој двапати е добитник на Оскар за најдобар актер во филмовите Филаделфија (1993) и Форест Гамп (1994).

Во 2016. година, тој станал витез на француската Легија на честа и награден е со Претседателски медал за слобода од американскиот претседател Барак Обама.