Жителите на населеното место Летевци во Општина Петровец, после 700 години, колку што постои селото, конечно во своите домови добија вода за пиење.
Инвестицијата, во износ од 600.000 денари е на Општина Петровец, а во целокупната изведба е вклучено и локалното население.
Како што изјави градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, за да се дојде до чиста и питка вода, пробушувањето е направено на длабочина од 100 метри, а поставен е резервоар со 12.000 литри вода, која стигнува до околу 26 домови во Летевци.
Тој додаде дека во моментов сите населени места во општината имаат водоводна мрежа и вода за пиење има секое семејство.
Жителите на Летевци на градоначалникот Митевски му врачија благодарница за инвестицијата и се надеваат дека водата ќе ги врати иселените и ќе допринесе да се изградат нови живеалишта.
ТВ екипата која присуствуваше на официјалното пуштање на водоводната мрежа изразува благодарност кон жителите на Летевци за нивниот топол и срдечен прием.



















