Болеста која се пренесува преку крлежи е “темпирана бомба”

4280

Бројот на пациентите со Lyme borreliosis, болест која ја пренесуваат крлежи, но и мувите и комарците, е сè поголем, бидејќи бактеријата која мутира, нашиот имунолошки систем често не ја препознава.

Lyme borreliosis, болест која се пренесува преку заразени крлежи, комарци и муви, е најбрзо растечка болест во Западниот свет во последните неколку години, пренесува Daily Mail.

Експертите проценуваат дека во САД се дијагностицираат секоја година околу 300.000 нови пациенти, а 65.000 во Европа. Болеста е препознаена за прв пат во 1975 година во градот Lyme во округот New London County, Connecticut, United States, сместен на источната страна на Connecticut River, по кој е именувана.

Постојат голем број деца кои страдаат од младешкиот ревматоиден артритис за кој се испоставило дека се појавил како резултат на каснување од крлеж. Повеќето од овие деца живееле во близина на пошумените области полни со крлежи.

Болеста најчесто ја пренесуваат малите еленски крлежи заразени со спирална бактерија или спирохета (Borrelia Burgdoferi). Но, болеста може да ја носат и други инсекти, а самата бактерија има повеќе од 20 подвидови, а пет од нив може да предизвикаат болест кај луѓето.

Со каснување на крлежот, бактеријата Borrelia влегува во нашиот крвотокот и патува низ телото, а поради тоа што може да мутира на многу начини, често нашиот имунолошки систем не ја препознава. Тоа е она што ја прави опасна, бидејќи останува незабележана, а болеста полека се шири. Lyme borreliosis тешко се дијагностицира, затоа што крлежите можат да  пренесуваат голем број на други болести.

Покрај тоа, Borrelia ја носат и вошките, мувите и комарците. Може да се пренесе од човек на човек преку плунка, со трансплантација на органи, трансфузија на крв, со сексуален контакт или мајчиното млеко. Исто така, постојат индикации дека може да се пренесе на фетусот преку плацентата, но тоа сѐ уште не е докажано.

Што бактерија Borrelia може да им направи на луѓето?

Болеста обично може да се идентификува по осипот. Обично се јавува црвенило на местото на каснување од крлеж со црвена точка во средината и црвениот круг, кои полека се шири и обично достигнува дијаметар од пет сантиметри (т.н. bulls eye осип) и тоа три до триесет дена по инфекцијата.

Како што се развива болеста, така влијае на другите делови на телото – на нервниот систем, зглобовите и срцето. Т.н. мали симптоми вклучуваат осип, болки во мускулите и болки во зглобовите, треска, гадење и главоболка.

Сепак, оваа бактерија може да предизвика воспаление на срцето, парализа на лицето, менингитис и артритис. Ако болеста влезе во хронична фаза, може да има повремен или хроничен артритис, конфузија, слабост во екстремитетите и полоша моторна координација.

Инфекциите на мозокот се ретки, но ако Lyme borreliosis не се препозне и не се лекува може да доведе до трајно оштетување на мозокот. Токму поради широк распон на неспецифични симптоми, Lyme borreliosis не е лесно да се идентификува и затоа е опасна.

Продолжува на страна 2