Погледнете како да се идентификува Lyme disease:
Лекувањето може да потрае
Лекот за неа не постои, но може да се намали ризикот од инфекција. Ако одите во шума, потребно е да се применат репеленти за да се намали ризикот од каснување и да се заштитите со облека. Исто така, важно е да се започне терапија со антибиотици за да се спречи развојот на болеста и да се избегнат долгорочни симптоми. Ако болеста влезе во хронична фаза лекувањето може да потрае со месеци, па дури и години.
Експертите истакнуваат дека бројот на пациенти се зголемува, бидејќи влијае на толку многу делови на телото и тешко е да се препознае. Дури и по антибиотска терапија, пациентите може и понатаму да страдаат, па затоа е потребен мултидисциплинарен пристап.
Меѓу познатите личности кои ја претрпеле болеста или сѐ уште страдаат од ова заболување се:
- Алек Болдвин – страда од хронична Lyme disease, тоа се случува секоја година во исто време
- Аврил – болеста не ѝ била дијагностицирана осум месеци, сега е излечена
- Ричард Гир, Кристи Тарлингтон и Бен Стилер – сите се успешно излекувани.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















