
Главниот град на најсиромашната земја членка на ЕУ често е сведок на протести против владата. Проблемот на корупцијата, и понатаму, е рак-рана за Софија.
Американската консултантска фирма Мерсер објави истражување за квалитетот на животот, а еден од вклучените параметри се однесуваше и на личната безбедност на личноста. Во истражувањето на крајот биле вклучени 230 градови (од помалите земји земен е само главен град), а на безбедност на некоја земја се однесуваат критериумите како што се стабилноста, односите со други земји, криминалот и за спроведување на законот.
Како и да е, можеби листата донекаде и ќе ве изненади, бидејќи меѓу 12 најнесигурни градови во Европа, се наоѓаат и градови од нашиот регион!
12. Париз
Француската метропола се најде на 12тото место, се разбира, пред сѐ, поради терористичките напади на кои од неодамна е изложена. Нападот во ноември 2015 сѐ уште е свеж во главите на граѓаните, така што Париз котира на многу високо место на оваа листа.
11. Лондон
Можеби е изненадување да се види Лондон на оваа листа, но стравот од терористичките напади и граѓанските судири го смести Лондон речиси во ТОП 10.
10. Букурешт
Насилството и организираниот криминал во главниот град на Романија е на прилично ниско ниво, но малите криминални дејствија се многубројни и нивото на корупција е прилично високо.
9. Загреб
За нас, можеби е изненадување, бидејќи во Загреб и не се чувствуваме несигурно, но истражувањето на Мерсер како голем проблем во градот ја наведува корупцијата, што е всушност и главната причина зошто хрватскиот главен град се најде во ТОП 10.
8. Рига
Главниот град на Летонија на листава се најде заради силните против-мигратските протести и организираниот криминал, како и заради раширенета проституцијата.
7. Рим
Стравот од терористичките напади го доведе Рим на високо место, а другиот голем проблем на “Вечниот град”, секако е и корупцијата.
Продолжува на страна 2


















