Најдоброто оправдување | Од мајка ѝ побарала да ѝ напише оправдување за училиште. Прочитајте што добила!

265

Британската ученичка Оливија сакала да го избегне часот по физичко образование, па ја замолила мајка ѝ да ѝ напише оправдување. Пораката на мајката во понеделникот ќе ја изненади и наставничката и Оливија.

Оливија ѝ се пожалила на мајка ѝ дека е премногу ладно за физичко образование и ја замолила да ѝ напише оправдување за часот. Мама напишала порака на наставничката, ја ставила во плик и го затворила пликот.

“Оливија е сосема здрава и способна да вежба на часот по физичко образование. Единственото нешто од што страда е сериозен случај на љенингитис. Таа се пожали дека е премногу ладно за да вежба, па така Ви препорачувам да ѝ дадете задача екстра да трча дополнителни кругови за да се загрее”, напишала духовитата мајка Сем, со додавање: “По читањето, ве молам вратете ѝ ја пораката на Оливија.”

Мајката ја објавила фотографијата со оправдувањето на социјалните мрежи, а “Најдоброто оправдување досега” набрзо се рашири низ целиот свет, пренесува