Дали физичкото казнување на детето е ефикасна форма на дисциплинирање

159

Професорот на Државниот медицински Универзитет во Њујорк, др. Роналд В.Пајс нема дилеми: децата не треба да се казнуваат дури ни со „благи“ удари.

За таа тема тој пишуваше за експертското списание „The Conversation“.

– Како психијатар, не можам да го игнорирам се поголем број докази дека физичкото казнување, вклучувајќи и удари по задникот, можат сериозно да влијаат на менталното здравје на детето, пишува тој.

Неговото мислење го потврдува и истражувањето на Националната асоцијација на педијатриски сестри во САД од 2011 година, кое покажа дека физичкото казнување може да го поттикне развојот на импулсивно и невообичаено однесување кај детето, кое подоцна во повозрасната возраст може да има тенденција на насилно однесување.

Накусо тоа може да помогне моментално, но не е ефикасно, а веројатно и штетно на долги патеки, затоа што детето учи дека примената на сила е прифатлив метод за решавање на проблемите.