Знаци дека имате доволно секс

137

Притиснати претежно од социјалните стереотипи, постојано се сомневаме дали имаме доволно секс. Слушаме различни приказни за секојдневни интимни искуства и се комплексираме.

Добрата вест е дека не треба повеќе да се грижите за тоа колку точно секс правите како количество и фреквенција. Постојат повеќе важни индикатори кои укажуваат дали сексот кој го правите со партнерот ви е доволен!

Еве ги и знаците:

Имате одлична врска надвор од креветот

Паровите кои се чувствуваат целосно исполнети на интимен план имаат одлична врска надвор од креветот. Тие се забавуваат, не се напнати, во добро расположение се и можат да го поминуваат времето заедно без нужно сè да заврши со скандал.

Можете мирно да разговарате за вашиот сексуален живот

Партнерите кои имаат целосни сексуални односи немаат проблем со зборувањето за сексот. Тие не се срамат да делат како тие се почувствувале последниот пат што не им се допаднало иобратно – што им доставило задоволство.

Оваа комуникација е многу корисна за една врска и штом ја има, значи сексуалниот живот е на многу добро ниво.

Продолжува на страна 2