ПЕДОФИЛИЈА – чумата на 21 век | Го запалила сопругот откако го фатила како ја силува 7-годишната ќерка

2530

Tatanysha Hedman (40) го запалила сопругот откако го фатила како ја силува својата 7-годишна ќерка.

Според полицијата од Вашингтон, Vincent Phillips (52), бил натопен со бензин додека спиел. Успеал да избега од куќата и така запален тргнал до продавницата во соседството за да побара помош. Купувачите го гледале со неверување и во шок како гори. Продавачот повикал 911, по што пристигнале лекарите и го однеле Phillips во Harborview Medical Center за лекување на изгорениците.

Безбедносните камери на локалната бензинска пумпа покажува како г-ѓа Hedman, очигледно вознемирена, купува бензин само неколку часа пред инцидентот. Hedman е уапсена. Во полиција признала дека го запалила Vincent откако го фатила како го силува девојчето.

Vincent е хоспитализиран на интензивна нега поради тешките изгореници, под полициски надзор е по што ќе биде уапсен поради обвинение за педофилија. Лекарите од Harborview Medical Center рекоа дека имал “среќа што останал”.

Над 2000 коментари за поддршка на оваа дама говорат што луѓето мислат за педофилијата – чумата на 21 век.

Колку има така скриени педофили? За жал, за нив нема помош бидејќи тие немаат “вграден” т.н. невроблокатор кој го блокираат човекот или животното да “тргне” на свое дете.