Жените страдаат од комплекс на помала вредност уште од најмала возраст

2255

Девојчињата уште од својата шестгодишна возраст веруваат дека спротивниот пол е предодреден на поизразен талент, способности и поголема интелигенција, се вели во најновото истражување на њујоршкиот универзитет, објавено во списанието „Саенс”.

– Општеството ги поврзува високоинтелигентните способности повеќе со машкиот пол отколку со женскиот. Тие стереотипи се распространуваат слободно, без никакви објективни показатели, заклучува професорот Андреј Симпион, еден од научниците вклучени во проектот.

Тие стереотипи и предрасуди донекаде и ги демотивира девојките низ целиот нивни живот. Треба да се преземат мерки за постепена елиминација на тие сфаќања, коментираат експертите.

Истражувањето е спроведено врз 400 деца на возраст меѓу пет и седум години, и се одвивало во две фази. Прво, им била раскажана приказна за една „многу паметна” личност, која потоа треба да ја идентификуваат со една од четирите слики, на коишто има два машки и два женски лика.

Петгодишните испитаници ја поистоветиле интелигенцијата со својот пол. Но, кај оние повозрасните, кои веќе посетуваат и училиште, не е така.

Девојчињата од 6 и 7-годишна возраст ги посочиле исклучиво машките лица од фотографиите.

Во вториот дел од тестот, децата требаше да бираат помеѓу две игри – една „за паметни деца” и една „за упорни деца”. Момчињата и девојчињата од пет-годишна возраст се одлучија за првата, додека пак, повторно, оние повозрасните девојчиња ја бираат втората игра.

Се уште не е јасно од каде доаѓаат тие предрасуди.