Неодамнешното истражување на шведски и швајцарски научници покажа дека редовната физичка активност може да не заштити од несакани ефекти од стрес, како и дека лицата кои редовно вежбаат имаат помал фактор на ризик за развој на кардиоваскуларни болести.
Имено, истражувачите кај 200 возрасни испитаници (со просечна возраст од 39 години) следеле повеќе познати фактори на кардиоваскуларни ризици како што се крвниот притисок, индексот на телесна тежина, нивото на холестерол и триглицеридите во крвта.
Студијата покажала дека во стресни ситуации кај испитаниците кои имаат мала физичка активност се јавува зголемено ниво на ЛДЛ холестерол, додека од овој непосакуван ефект од стрес испитаниците кои редовно спортуваат се заштитени.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















