Не е лошо да се биде сингл, но ако немате дечко, а се што сакате е убава, стабилна врска, можно е да се саботирате сами себе.
Овие се три најчести лаги кои жените ги кажуваат кога станува збор за мажите, а ако верувате во нив, тешко е да се најде совршена врска.
-
Никогаш не ќе најдам дечко од соништата
За почеток, дечко од соништата ретко постои во готова верзија. Жените кои го имаат, го имаат, бидејќи сами се потрудиле тоа да стане, а оние кои го чекаат сам да се појави пред нивната врата, никогаш нема да го имаат. Целта е од несовршен дечко да се направи некој кој е блиску до вашите идеали, а не да се добие готов производ.
-
Јас не заслужувам вистинска љубов
Ако така размислувате, никогаш нема да се осмелите да ја побарате. Вистинската љубов, како и совршен дечко, не е нешто што само треба да се најде. Околу неа треба да се трудиш, па дури и кога мислите дека тоа не е онаа вистинската, мора да ѝ се даде шанса. Ако одиш по светот во потрага по вистинската, идеалната љубов, ќе одиш сама.
-
Ќе бидам засекогаш сама
Овој став е честа појава, особено кога сме разочарани во љубовта. Ако постојано се убедуваш дека ќе останеш сама, тогаш и секоја можност за љубов ќе ви се стори неверојатна, затоа што сте убедени дека и тоа ќе пропадне. Ако веруваш дека ќе бидеш сама, постои шанса тоа потсвесно и да се постигне. Наместо песимизам, обиде те се со оптимистички став и тргни како љубовта да те чека зад аголот.



















