Името кое му го давате на детето кажува многу за вас

1365

Дури и доколку не сте родител сигурно имате список со имиња, кои би ги дале на вашето дете. А имињата всушност многу кажуваат за вас

Имиња на познати личности

Се повеќе родители на своите деца им даваат имиња на омилените ликови од сериите или на познати личности. Модата „што понеобично – тоа подобро“ трае повеќе години. Родителите кои им даваат такви имиња на бебињата најчесто во околината ги сметаат за желни за внимание.  Имајте предвид дека истите имиња сигурно нема да бидат познати за десет години кога вешето дете ќе влезе во пубертет.

Стари имиња

Родителите кои на децата им дават старомодни имиња се сметаат за конзервативни. Но тоа не мора да биде во лоша конотација.  Во морето чудни имиња не е лошо да се потсетиме на некои убави стари имиња. Но, ако давате имиња на предци, треба да се земе предвид т.н. правило на три генерации.

Единствено име

Често родителите сакаат да измислат целосно ново име така што постојните малку ги прилагодуваат со менување на некои букви. Притоа бидете многу внимателни, не сакате еден ден вашето дете да биде исмеано во училиште заради името, зарем не? Немојте да дозволите вашата желба да бидете креативни да му претставува товар на детето.

Семејни имиња

Лицата кои за своите деца избираат имиња на членови на семејството се сметаат за многу сентиментални. Имајте ја предвид и звучноста на името, затоа што поголемиот број на луѓето нема да ја дознаат сентименталната приказна, која стои зад самото име.

Унисекс имиња

Имиња кои се вклопуваат подеднакво добро за  машките и женските деца се прилично чест избор. Родителите кои им даваат такви имиња на децата најчесто се многу успешни во својата работа.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување