Мајките и ќерките често имаат посебна врска, а психолозите тврдат дека по турбулентниот период на адолесценција многу од нив “вистинската“ врска ја градат дури во зрелиот период на ќерката, односно тогаш кога тие формираат семејсто, а мајката станува баба.
Многу мајки и ќерки тогаш стануваат многу блиски, делат тајни и искуства. Но психолозите тврдат дека не треба баш се да и кажувате на својата мајка. Особено не брачните тајни.
Прва на листата на информации која не треба да ја поделите со вашата мајка е сомнежот дека вашиот сопруг ве изневерува. Дури и ако тоа не е вистина, таа ќе го промени односот кон зетот и никогаш нема да го гледа со “исти очи“.
Втора информација на листата “тајни“ која треба да ја чувате се податоците за финансиите. Тоа не значи дека вашата мајка не смее да знае колку вие заработувате, туку не треба да ја оптеретувате со приказни во врска со долговите или позајмиците. Најголем процент од мајките многу се оптеретуваат кога ќерката ќе и даде такви информации, а особено е проблематично кога мајката не е во состојба да помогне.
Трета на листата е сексуалниот живот. Без оглед на тоа што сте возрасни и што одамна имате свој живот и интима, за својата мајка сте сеуште дете, а истражувањата покажале дека дури 49 отсто од мајките кои разговараат со своите ќерки за сексуалниот живот, се чувствуваат непријатно.
Доколку за сето ова не можете да се водржите, подобро би било да и се поверите на својата тетка или пријателка, советуваат експертите. И тие многу ве сакаат, но не ви се мајки, па затоа на друг начи ќе ги протолкуваат информациите.
И никогаш, ама баш никогаш не ги критикувајте мајчините воспитни методи, освен ако не сакате да се скарате. Истражувањата покажуваат дека дури 62 отсто од мајките се чувствуваат многу лошо кога ќе чујат од своите деца дека не биле задоволни од своето детство и начинот на кој биле воспитувани.
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување