Тврдат дека е еден од најефикасните авиони на небото, тој ќе биде столбот на американската авијација во иднина!
Американската воздухопловна и одбранбена технолошка компанија Nortrop Graman го претстави својот нов авион Б-21 “Raider”, прв во новата флота стелт нуклеарни бомбардери со долг дострел наменети првенствено за потребите на американските воздухопловни сили.
Б-21 “Raider” беше претставен на церемонија во Palmdale, California, каде посетителите можеа да го видат новиот бомбардер, објави Reuters.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека тоа не е само уште еден авион, туку показател за решителноста на САД да се бранат. Б-21, кој има облик на крила во лет, е сличен на неговиот претходник Б-2 и ќе може да носи конвенционално и нуклеарно оружје.
Авионот е првиот новодизајниран стратешки бомбардер на Америка во повеќе од 30 години, и речиси секој аспект од развојот на програмата е класифициран. Пред 12 години се предвидувало дека еден таков авион ќе чини 550 милиони долари, но со инфлацијата денес чини 750 милиони.
Воздухопловните сили на САД планираат да купат најмалку 100 од овие авиони и да почнат да ги додаваат во флотата за да ги заменат бомбардерите Б-1 и Б-2. Во 2015 година Nortrop го доби тендерот на екипата “Boeing” и “Lockheed Martin”, кои настапија заедно.

Nortrop го нарекува Б-21 авион од шестата генерација, со оглед на можноста за лесно поврзување со други авиони и лесното интегрирање на идното оружје во неговите системи.
„Б-21 е поиздржлив, помалку видлив на радарот благодарение на стелт материјалите кои бараат помалку одржување и трошоците за неговата употреба се сведени на минимум“, рече Doug Young, потпретседател на Northrop Grumman.
Шест од овие авиони, кои за прв пат треба да летаат кон средината на следната година, се во различни фази на производство.
Американците веруваат дека Б-21 “Raider” во иднина ќе го формира столбот на американското воено воздухопловство. Ќе воведе нова ера на способност и флексибилност преку напредна интеграција на податоци, сензори и оружје. Способен да испорачува и конвенционален и нуклеарен товар, Б-21 ќе биде еден од најефективните авиони на небото, со способност да користи широка комбинација на муниција за контра и директен напад.



















