Како боите влијаат врз децата

1621

Психолозите тврдат дека бојата на ѕидовите во детската соба е мошне важна, бидејќи влијае на расположението на најмладите членови на семејството.

Бојата на детската соба е важна без разлика дали станува збор за новороденче, дете во основно училиште или средношколец. Психолозите велат дека особено внимание треба да се посвети на бојата на ѕидовите, бидејќи таа влијае на расположението на најмладите членови на семејството.

Белата можеби не изгледа весело, но просторот во бела боја емитува мирна енергија. Доколку ѕидовите се бели би било добро мебелот и деталите да бидат шерени и весели.

Жолтата е одлична боја за собата на бебето, бидејќи зрачи со топлина, а утврдено е и дека ги стимулира мускулите.

Зелената е делотворна за адолесцентите, кои во тој период често пати се меланхолични, така што им е потребно да ја изградат својата самодоверба.

Сината соба е совршен избор за секое дете, бидејќи дејствува смирувачки и придонесува полесно да се потоне во сон.

Виолетовата се препорачува за девојчињата, но не темна, туку светла нијанса.

Интензивните црвени тонови не се добро решение за детското катче, особено не за ѕидовите. Децата имаат многу енергија, а немирните дечиња во црвено опкружување нема така лесно да се смират. Тоа сепак не значи дека целосно треба да се избегнува. Столче или кревет во оваа боја, како и други детали се добредојдени.

На хиперактивните деца позитивно им влијае кафен или сив мебел, бидеќи ги смирува и опушта.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување