Жената чиј сопруг починал пред 2 години, сè уште добива подароци „од него“

261

Кајла Милер објавила на Фејсбук страната Love What Matters прекрасна љубовна приказна меѓу еден маж и неговата сопруга која сè уште, после 2 години од неговата смрт, таа „добива“ подароци од него.

Денес бев сведок на прекрасна љубовна приказна која потсетува на филмот „P.S. I Love You“. Овој букет денес го доби една дама со која работам. Букетот е од нејзиниот сопруг кој почина пред 2 години“ – Милер ја започнува приказната.

„Секој празник или роденден по неговата смрт таа добива букет со цвеќиња, накит или било каков друг подарок од него“ – објаснува.

„Пред да почине, тој ги нарачал сите овие работи за деновите кога претпоставил дека ќе се чувствува осамена“ – додава.

„Ја споделувам оваа приказна не само затоа што е неверојатна и ми го грее срцето, туку и за да ви покажам на вас девојки дека вистинската љубов постои. Не мора да се одлучите за некого само затоа што мислите дека никој друг нема да ве сака“ – заклучува Милер.

„Не треба да трпите да бидете изневерувани или да ве лажат или да ве разубедуваат. Вие сте награда која треба да биде освоена и постои некој кој засекогаш ќе ве сака, па дури и по смртта. Се надевам дека ова ќе ви го развесели денот“ – додава.