Истражувањето беше спроведено на шведскиот Каролински институт, кој ги следел луѓето кои јаделе ореви и бадеми во текот на 17 години и работата на нивното срце.
Големото истражување спроведено на над 60.000 Швеѓани во последните 17 години покажало дека мали количини на јаткасти плодови може да влијае на развојот на неправилно чукање на срцето, што е главна причина за срцев удар.
Истражувањето покажало дека конзумирањето на јаткастите плодови најмалку три пати неделно поврзано е со 18 проценти помал ризик од атријална фибрилација, состојба која често се чувствува како неправилна работа на срцето. Истражувањето е спроведено на Каролинскиот институт во Шведска кој ги следел луѓето кои јаделе ореви и бадеми во последните 17 години од животот, но и работата на нивните срца.
Студијата открила дека редовното јадење на јаткасти плодови е поврзано со помал ризик од срцев удар или застој. Сепак, кај оние кои биле помлади и физички активни, и кои имале здрава тежина и здраво се хранеле, ризикот исчезнувал, пишува Daily Mail. Многу појасен останал дел од истражувањето во кое се тврди дека јаткастото овошје влијае врз работата на срцето, односно го намалува ризикот од неправилната работа.
– Дури и мало зголемување во конзумирањето на јаткастото овошје има голем потенцијал да доведе до намалување на атријална фибрилација и затајување на срцето – стои во заклучокот на истражувањето објавено во списанието Heart.
Ова се симптомите кои ќе покажат дека имате проблеми со срцето
Продолжува на страна 2



















