Дланка од оваа намирница три пати неделно докажано го намалува ризикот од срцев удар | Симптоми

4475

  • Болка во вилицата може да биде главен симптом на коронарните болести и на срцевиот удар. Болката може да се шири до ушите, но понекогаш може да биде тешко да се утврди од каде доаѓа. За разлика од болката предизвикана од болни заби, пореметување на виличните зглобови или инфекции на увото, оваа болка може да биде продолжена до рамената и рацете, особено по левата страна, при што никакви третмани не помагаат.
  • Едно истражување покажало дека проблеми со ерекцијата почнуваат да се чувствуваат со месеци или години пред да се појават проблемите со срцето. Стеснување на артериите може да предизвика недоволно снабдување на пенисот со крв и еректилна дисфункција. Експертите велат дека секој пациент кој доаѓа со еректилна дисфункција се смета за кардиоваскуларен пациент додека не се докаже спротивното.
  • Ако постојано чувствувате болка во вратот, можеби е време да престанете да мислите дека се работи за болка како резулта на лошата положба при спиење и слично. По срцев удар, некои пациенти се сеќаваат дека често чувствувале болка и вкочанетост во вратот. Токму овој симптом многумина не го поврзуваат со проблемот на срцето, бидејќи тие очекуваат подраматична болка, вкочанетост во градите, рамената и рацете.
  • Повеќе од 40% од жените во едно истражување известиле дека почувствувале недостаток на здив во деновите пред срцевиот удар. Причината за овие симптоми е ослабената артерија која не може да пренесе доволно кислород. Коронарната болест на артериите, каде сшто се акумулира плаката, ги блокира артериите кои го снабдуваат срцето. Ако отежнатото дишење е предизвикано од белодробни заболувања, тоа обично се случува постепено.
  • Иако повеќето од нас очекуваат срцевата болка да се јави во градите, таа може да се јави било каде, дури и во подрачјето на стомакот. Пречките во варењето храна и гадењето може да бидат првите знаци за срцев удар. Една студија покажала дека жените потешко чувствуваат гадење и проблеми со варење на храната како симптом на срцеви заболувања. За да ја разликувате оваа болка од гастроинтестиналните нарушувања, неопходно е да се следи инциденцата/зачестеност на појавата на овој симптом. Кај гастроинтестиналните нарушувања, постои одреден период на болката, по што нејзиниот интензитет почнува да ослабува. Кај срцеви заболувања, болката се јавува во интервали и секогаш е со силен интензитет.