Недостатокот на овој витамин е виновник за салото на вашиот стомак?!

2883

Еден тим од холандски истражувачи открил дека абдоминалната маст кај жените е поврзана со ниското ниво на витаминот Д, а кај мажите, неговиот недостаток е поврзан и со маснотиите во црниот дроб.

Сѐ повеќе се зборува за витаминот Д и за неговата важност. Се открива колку е важен за организмот, но и колку може да нѝ наштети ако го немаме доволно. Истражувањата покажале дека секој седми човек страда од недостаток на витаминот Д, па многу лекари предупредуваат дека тоа е “епидемија која се игнорира”.

Затоа, од суштинско значење е изложување на сончевата светлина за да телото произведе доволно витамин Д и неговиот внес преку храната. Витаминот Д е заслужен за апсорпција на калциумот, здравјето на коските, срцето и доброто функционирање на телото.

Од салото на стомакот до замастен црн дроб

Најновото истражување, презентирано е на 20-от Конгрес на европските ендокринолози, покажува дека недостатокот на витаминот Д е поврзан и со маснотиите на стомакот и со прекумерната телесна тежина.

Тим од холандски истражувачи открил дека абдоминалната маст кај жените е поврзана со ниското ниво на витаминот Д, а кај мажите недостатокот на витаминот Д е поврзан со маснотиите во црниот дроб и абдоменот.

Истражувачите објаснуваат дека односот помеѓу зголемените абдоминални масти и ниското ниво на витаминот Д сугерира дека луѓето кои имаат проблем со дебелината имаат поголем ризик да развијат недостаток на сончевиот витамин.

Истражувањето опфати неколку илјади мажи и жени на возраст од 45 до 65 години. Во фокусот на истражувањето беа целокупните телесни масти, масти на стомакот и мастите околу органите и црниот дроб.

Продолжува на страна 2