Седењето и спиењето се подеднакво штетни по здравјето како пушењето и пиењето

198

Веројатноста од прерана смрт кај лица кои не се занимаваат со телесна активности е 1,6 пати поголема, отколку кај физички активните.

Научниците од австралискиот Институт Сакс спроведоа истражување каде вклучиле повеќе од 230.000 лица постари од 45 години, а кои ја пополнија анкетата за нивните нездрави навики. На нив им биле поставени прашања дали се пушачи, колку алкохол конзумирале, вода или сметка за здрава исхрана, дали се физички неактивни, дали предолго седат на работа, пред телвизија или компјутер (повеќе од седум часа) и дали премногу спијат (подолго од девет часа).

Триесет отсто од нив одговориле позитивно на два до три поставени прашања. После шест години е објавен податотокот дека 16.000 испитаници починале. Веројатноста од прераната смрт кај лицата кои не биле физички активни е 1,6 пати поголема отколу кај физичките активни. Физичката активност дефинирана е како „150 минути умерени или поголеми телесни активности неделно“.

Студијата покажа дека комбинацијата на телесна неактивност, „седечки“ начин на живот и спиење подолго од девет часа беше поврзана со смртност на поголем дел од ученсиците во истражувањето во еднаква мерка како комбинација на пушење и конзумирање големи колични алкохол.

– Физичката неактивност беше тесно поврзана со смртноста на учесниците во истражувањето, рече главната авторка на студијата, Мелоди Динг, професорка на сиднејскиот Оддел за јавно здравје на Универзитетот во Сиднеј.

– Последиците од телесната неактивност во комбинација со долго спиење и долго седење биле уште полоши. Имено, комбинацијата на ризик од прерана смрт се зголемува за четири пати во однос на лицата кои во прашалниците одговориле, кај долго спиење и често практикување седечки начин на живот, објасни Динг.

Таа истакна дека пушењето е најопасно од сите ризици наведени на пописот и рече дека конзумирањето на повеќе од 14 алкохолни пијалоци во недела, не води во ризик од прерана смрт, но дека во комбинација, изгледите за тоа се тројно зголемени, а ако лицата премногу или премалку спијт, ризикот од прерана смрт се зголеми за пет пати.

– Комбинација на повеќе негативни навики без соменние е поопасна од само една, но елиминарње на една од нив сте на добар пат да ја подобрите вашата здравствена состојба, порача Динг.