Во Ирак е откриена палата стара 3400 години | Фото/Видео

361

Германски и курдски археолози откриле, блгодарение на сушата, една 3400-годишна палата во коритото на реката Тигар.

Комплексот кој се протегал на најмалку две илјади квадратни метри бил дел од царството Митан, античка држава која владеела со денешна Сирија и Анатолија, открил Универзитетот во Tübingen.

Археолозите ја откриле палатата минатата есен, а потоа имале само три недели да ја испитаат пред да се подигне нивото на водата во реката.

“Копавме колку што е можно побрзо”, рече Ивана Пуљиз од Универзитетот. Кога нивото на водата се зголемило, палатата повторно целосно исчезнала.

Ѕидовите на палатата се високи до два метри, а археолозите откриле на нив мурали во црвена и сина боја.

Тоа е “археолошка сензација”, рече Пуљиз, објаснувајќи дека станува збор ретки пронајдоци на такви слики.

Во внатрешноста на комплексот, беа пронајдени десет ракописи на клинесто писмо. Во едно од нив пишува дека палатата некогаш била дел од стариот град Zachiku.

Комплексот се наоѓа во курдскиот автономен регион во северен Ирак.

Курдскиот археолог Хасан Ахмед Касим (Duhok) смета дека тоа е едно од најголемите откритија во регионот во текот на последните неколку децении.