Светски познат кардиохирург говори за она што навистина ги предизвикува болестите на срцето | Видео

2202

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk

Како јадењето на обични бисквити може да создаде каскада од воспалителните процеси кои нѐ прават болни?

Замислете дека истуривте сируп по вашата тастатура и имате претпоставка за она што се случува во една ќелија. Кога консумираме јаглехидрати, крвниот шеќер рапидно расте. Како одговор на тоа, панкреасот лачи инсулин, чија примарна цел е да го избрка шеќерот во клетките каде што се зачувува за енергија. Но, ако клетката е полна и не ѝ треба гликоза (шеќер), го отфрла овој екстра шеќер. Тогаш шеќерот во крвта се зголемува и произведува повеќе инсулин кој гликозата (шеќер) го претвора во масти.

Каква врска има ова со воспалението? Шеќерот во крвта има многу прецизна контрола. Вишокот на молекулите на шеќерот се врзуваат за различни протеини кои ги оштетуваат ѕидовите на крвните садови. Ова повторено оштетување на ѕидовите на крвните садови ќе го почне воспалителниот процес. Кога го пумпате крвниот шеќер до високо ниво неколку пати на ден, тоа е како да сте зеле шмиргла и со неа да ја брусите внатрешната страна на чувствителните крвни садови.

Иако не можете да го видите ова, бидете сигурни дека тоа е така. Сум го видел ова во повеќе од 5.000 пациенти во текот на 25 години, на кои на сите им било заедничко воспалението на артериите.

Да се вратиме на слаткото пециво. Ова слатко со невин изглед не само што содржи шеќер, тоа се пече во едно од многуте омега-6 масла, како што е маслото од соја. Чипсот и помфритот се натопени во соја масло, сите индустриски производи содржат омега 6 масла за зголемена трајност. Иако омега-6 мастите се есенцијални, дел се од секоја клеточна мембрана и го контролираат она што се случува во и надвор од клетката. Тие мора да бидат во точниот сооднос со омега-3 масти.

Ако овој однос е нарушен со прекумерното внесување на омега-6, клеточните мембрани произведуваат хемиски соединенија цитокини кои директно предизвикуваат воспаление.

Денешната американска исхрана произведува екстремна нерамнотежа помеѓу овие две масти. Односот помеѓу омега, омега-6 и омега-3 се движи од 15:1 па до 30:1, што доведува до огромна количина на цитокини кои предизвикуваат воспаленија. Во денешни услови, соодносот од 3:1 е оптимален за здравјето.

За да бидат работите уште полоши, прекумерната тежина која ја носите поради конзумирање на оваа храна, создава преоптоварени масни клетки кои лачат големи количини на провоспалителни хемикалии (кои предизвикуваат воспаление), кои ги влошуваат повредите предизвикани од високиот шеќер во крвта. Процесот започнат со слатко пециво во устата се претвора во маѓепсан круг, кој со текот на времето води до срцевите заболувања, дијабетесот и конечно до Алцхајмеровата болест, кога воспалителниот процес продолжува со несмалено темпо во недоглед.

Не можеме да избегаме од фактот дека колку повеќе индустриски преработена храна консумираме, толку повеќе поттикнуваме создавање на воспаление, од ден на ден. Човечкото тело не може да ги преработи, ниту пак е дизајниран да консумира храна полна со шеќери и натопена со омега 6 масла.

Има само еден начин за борба против овие воспалителни состојби, а тоа е враќање кон храната во својот изворен облик. За изградба на мускулите, јадете повеќе протеини. Изберете јаглехидрати во форма на зеленчук и овошје. Намалете или целосно исфрлете ги воспалителните омега-6 масла, како што се соја, сончоглед и пченкарното масло и храна која ги содржи.

Една лажица пченкарно масло содржи 7280 мг на омега-6, една лажичка сојино масло содржи 6,940 мг. Наместо тоа, користете маслиново масло или путер од животни кои пасат.

Животинските масти содржат помалку од 20% омега-6 и веројатноста дека тие можат да предизвикаат воспаление е многу помала од наводно “здравите” повеќе незаситените масти. Заборавете на “науката”, која со децении ви ја втурнуваат во главата. Научните докази дека заситените масти предизвикуваат срцева болест не постои. Научните докази дека заситените масти го зголемуваат нивото на холестерол се исто така многу слаби. А бидејќи сега знаеме дека холестеролот не е причина за болестите на срцето, загриженоста околу заситените масти станува сосема апсурдна.

Теоријата за холестеролот доведе до препораките да се намали внесот на маснотиите во исхраната, кои доведоа до создавање на многу храна која предизвикува воспаленија. Службената медицина направила страшна грешка кога ги советувала луѓето да избегнуваат заситени масти, а наместо нив да се користат повеќекратно незаситените масла. Така, сега имаме епидемија на артериски воспаленија кои доведуваат до срцев удар и други смртоносни болести.

Она што можете да направите е да изберете природна храна каква што ја сервирала вашата баба, а не онаа на која ѝ се свртела вашата мајка кога продавниците почнале да нудат индустриски производи. Со исфрлање на воспалителна храна и конзумација на основните хранливи материи од свежата непреработена храна, ќе ја поправите штетата што со години сте ја предизвикувале во своите артерии и низ телото со конзумирање типично американска исхрана.

Д-р Двајт Лундел е поранешен шеф и главен хирург во Banner Heart болницата во Меса, Аризона. Тој имаше приватна пракса, Cardiac Care Center, исто така, во Меса, Аризона. Неодамна, д-р Лундел ја остави хирургијата за да се посвети на нутриционистичкото лекување на болестите на срцето. Основач е на Healthy Humans фондацијата која го промовира здравјето на човекот, со фокус на големите компании да им се помогне во промовирањето на здравјето. Тој е исто така автор на книгите The Cure for Heart Disease i The Great Cholesterol Lie.

Наслов  на оригиналот: World Renown Heart Surgeon Speaks Out On What Really Causes Heart Disease

preventdisease.com/kukuriku.mk

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување