Зошто золвата е трипати полоша од свекрвата?

2119

Кога жените стапуваат во брак, тие честопати размислуваат дали и како ќе се сложат со свекрвата.

Ова не треба да изненадува со оглед на купот предрасуди, но исто така и доказите за лошата врска помеѓу снаата и свекрвата, но ретко доаѓа на ум една многу важна фигура – сестрата на сопругот.

Еве зошто понекогаш е потешко да се согласувате со золвата отколку со свекрвата!

Едно чилеанско истражување во кое учествувале 600 луѓе покажало дека дури 56 проценти од жените не се сложуваат најдобро со сестрата на нивниот сопруг.

Имено, сестрите честопати се обидуваат да го зачуваат својот „клан“ создаден во детството и авторитетот што го имаат над нивниот најблизок роднина, дури и по бракот на нивниот брат.

„Кога ќе пораснеме, браќата и сестрите стануваат најсилните фигури во нашите животи, заменувајќи ги родителите во таа„ функција“. Ова е затоа што полесно е да се сподели реалноста и сегашноста со слична или со иста генерација“, вели психологот Пола Сајез.

Освен тој „клан“, сестрите имаат и други мотиви за конфликт со снаата, а најсилниот потекнува од семејството и начинот на воспитување. Имено, доколку сестрата секогаш била вклучена во животот на нејзиниот брат, слободно го искажувала своето мислење за неговите одлуки, можеби дури и ги донесувала, таа би го сметала неговиот брак како губење на авторитетот и би била непријателски настроена кон нејзината снаа.

Друга причина може да биде вообичаеното ривалство помеѓу братот и сестрата, дури и ако е несвесно. Ако сестрата не била во врска со нејзиниот брат подолго време, ниту снаата нема да биде баш многу пожелна и прифатена.

Природната врска на помеѓу браќата и сестрите играат важна улога

Многу студии укажуваат на фактот дека бебињата создаваат многу силни врски со браќата и сестрите, слични на оние што ги создаваат со своите мајки. Таа врска може да ја објасни потребата на сестрата да го заштити својот брат од „таму некаква снаа“, поради што ќе биде во состојба да ѝ најде милион маани. Позадината на сето ова е всушност стравот дека оваа силна врска со братот ќе се изгуби поради новата жена во неговиот живот.

Кои се твоите искуства? Дали подобро се согласувате со золвата или свекрвата?

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.