Девојче родено со срцето надвор од градите | Лекарите изјавиле дека нема да преживее, а денес има 9 години, танцува, пее и бојадисува

278

Virsaviya Borun (9) е родена со многу ретка состојба при која нејзиното срце и другите внатрешни органи се развиле надвор од градниот кош и стомачната шуплина.

Малата Virsaviya е родена во Русија, а неодамна се преселила со мајка ѝ на Флорида. Таа страда од ретко пореметување кое се јавува на секои 5,5 милиони раѓања.

Нејзиното срце, со големина на тупаница, може да се види како чука надвор од нејзиното тело, покриено со тенок слој кожа. Нејзините внатрешни органи, исто така, се надвор од телото со оглед на тоа дека нема стомачни мускули или дијафрагма.

“Кога бев бремена, лекарите ми рекоа дека бебето нема да преживее”, вели нејзината мајка Dari Borun. Но, шест години подоцна, Virsaviya е жива и интелигентно девојче кое ужива во цртање коњчиња, присуствува на часови по сликарство и сака да танцува на песните на Beyonce.

Порано оваа година, нејзината мајка пронајде лекар во Бостон, кој бил подготвен да го лекува девојчето. Но, не можеше веднаш да се тргне со операција, бидејќи малата имала висок крвен притисок.

Новата проценка на нејзината состојба и подготвеност на организмот да ја издржи операцијата мора да се причека две години.

Г-ѓа Borun, која сама го подига девојчето, се обратила до јавноста за помош во покривање на силните трошоци за лекување. Нивната преселба на Флорида, исто така, е условена со состојбата на Virsaviya, бидејќи малечката не може долго да живее во ладна клима. На топлата Флорида на девојчето ѝ е подобро и не се разболува толку често.

Од нивното пристигнување во САД Virsaviya учи англиски, но на училиште, поради својата болест, не може да оди. Додека се чека на лекувањето, се занимава со цртање, танцување и музика.

Истражувачки тим (www.nhlbi.nih.gov) од Лабораторијата за молекуларна кардиологија во NHLBI, внимателно ги проучуваат основните генетски мутации поврзани со состојбата.