Маурициус се соочува со еколошка катастрофа | Се насука брод со нафта која истекува

167

МАУРИЦИУС – На овој прекрасен остров во Индискиот океан му се случува еколошка катастрофа.

MV Wakashio, јапонски превозник на големо со 200 тони дизел и 3.800 тони мазут, се насукал на еден гребен на 26 јули. Предизвикано е пукање на ѕидовите на бродот од кој сега истекува горивото.

„Ние сме во ситуација на еколошка криза“, рече министерот за животна средина, Кајви Рамано, додека министерот за риболов, Судехер Мадду, изјави: „Ова е прв пат да се соочиме со ваква катастрофа и ние сме недоволно опремени за се справиме со овој проблем“.

Министрите изјавиле дека сите обиди за стабилизирање на бродот пропаднале поради морските струи, но и напорите за испумпување на нафтата исто не им успеало.

Еколозите стравуваат дека бродот би можел да се распадне, што би предизвикало уште поголемо протекување и да нанесе потенцијално катастрофално оштетување на крајбрежјето на островот.