Од 150 пријатели на Фејсбук, само 4 ни се вистински

151

Секој корисник со околу 150 пријатели на Facebook може да се потпре реално само на четворица од нив за помош во случај на проблем. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на Универзитетот во Оксфорд, соопштува интернет изданието CNET.

Тешко дека ќе е изненадување за некого дека поголемиот дел од т.н. пријатели на социјалните мрежи ни се вистински пријатели. Шефот на истражувањето Робин Данбар имал две одделни анализата – во почетокот на април 2015 година и во средината на мај 2015 година, меѓу вкупно 3375 лица на возраст од 18 до 65 година Просечно секој имал околу 150 пријатели на социјалната мрежа иако жените имаат повеќе.

Сите анкетирани одговориле на истите прашања, а изненадувачки е дека и покрај различната возраст имале сосема мали разлики во одговорите. На крајот се покажало дека луѓето можат да наведат околу 4.1 лица кои се нивните пријатели на Facebook и би им помогнале при сериозен проблем. Други 13.6 би изразиле сочувство.

Данбар наведува дека односот на пријателите во реалниот свет е речиси ист. Тој додава дека поголем број пријатели не значи и повеќе луѓе, на кои можеме да се потпираме. Наместо тоа испитаниците едноставно посочуваат поголем број луѓе кои би изразиле сочувство. Според него има директна зависност помеѓу одвоеното време за еден пријател и цврстината на врската со него. Бидејќи времето е секогаш недоволно за одржување на голем број вистински пријатели, коментира научникот.